Прскалка со автоматско движење во насока напред-назад
Прилагодливи режими на наводнување и автоматска работа – совршен начин за наводнување на вашата градина
За економично и ефикасно наводнување на вашиот тревник, цветни леи, растенија во зеленчукова градина итн.
Дизајнирана да го намали непотребното трошење вода до 70% за разлика од стандардните прскалки – ќе наводнува само на одредена област каде ќе ја поставите, со опсег на прскање кој го избирате самите (централно, на обете страни, само лево или само десно)
Идеална за сите големини на градини, за мали или големи тревници
Заборавете на рачното наводнување и уживајте додека прскалката ја врши работата за вас!
Лесно се употребува
Цврста и стабилна
Едноставно поврзете ја на градинарско црево и таа започнува со автоматското работење
Може да се користи и за забава за вашите малечки во летниот период
Тестер за анализа на земјата (почвата) – создадете оптимални услови за раст и развој на вашите цвеќиња и растенија!
Прецизно мерење на светлината, влажноста, температурата и pH вредноста на почвата – сеопфатна слика за состојбата на вашата почва
За побујни и поздрави растенија
Навремено откријте ги потенцијалните проблеми, како што се недостаток на светлина, прекумерна влажност или несоодветна pH на почвата и преземете соодветни мерки, за да ги решите пред да предизвикаат оштетување на растенијата
Ефикасно одржувајте ја вашата градина и заштедете време и пари на неефикасни методи за решавање на проблеми со почвата
Нема повеќе грижи за прекумерно наводнување или недостаток на вода
Следете ја киселоста или алкалноста на почвата (овој податок е од суштинско значење за правилното навлегување на хранливите материи од растенијата)
Спречете го недостатокот или прекумерната концентрација на одредени хранливи материи, што може да доведе до проблеми со растенијата
Со мерење на нивото на сончева светлина, ќе можете да го изберете вистинското место за садење – различни растенија бараат различни нивоа на сончева светлина
Се користи лесно и едноставно – само вметнете ја сондата во земја (околу 10cm), почекајте неколку секунди и прочитајте ги резултатите на екранот. Отстранете ја сондата од земјата и исчистете ја по секоја употреба.
За мерење во затворен или отворен простор
LCD екран со позадинско осветлување
Работи на 4 x AAA 1.5V батерии (не се вклучени)
Материјал: пластика, нерѓосувачки челик
Работна температура: 5-40°C
Напомена:
-Не е погоден за мерење состојба на течности, не користете го за тестирање на било кој вид течност. Може да се користи само за тестирање на почва.
-Ако почвата е премногу сува, истурете малку вода и обидете се повторно за половина час
-Начинот на земање на просечната вредност е преку тестирање на повеќе точки во земјиштето
-Внимавајте да не допирате камења кога ја вметнувате сондата
-Не употребувајте прекумерна сила, бидејќи може да ја оштети сондата
-Инструментот не треба да биде долго време вметнат во почвата, бидејќи може да дојде до оксидативно оштетување на сондата
-По употребата да се чува на суво место
Есенското чистење на лисја во вашата градина може да започне!
Брзо и ефикасно собирање лисја и друг градинарски отпад, благодарение на прецизната конструкција на греблото
Може да се користи и за раситнување на почвата, чистење на тревниците или собирање други видови градинарски отпад
Материјал: метална рачка (должина ~ 110cm) + алуминиумска лепеза со можност за ширење и стеснување по ваша желба (од 20 до 60cm)
Редовното отстранување на паднатите лисја помага градината да биде чиста и да се намали ризикот од болести и штетници, што придонесува за здравјето на вашите растенија
Прецизни заби за брзо и ефикасно собирање, за уредна градина без гнили лисја, расфрлени гранчиња итн.
Лесно се одржува, отпорно на абење, долготрајна употреба
Исклучително лесно за употреба, за мали и големи површини
Уживајте во одржувањето на градината без напор со моќната мулти-алатка!
Практична градинарска алатка со телескопска рачка и нож за отстранување трева, плевел, мов помеѓу бекатон плочки или рабови
Исчистете ја тревата или секаков вид на нечистотија која се појавува помеѓу бекатон плочките во вашиот двор, помеѓу рабови или во пукнатини од бетон и сл.
Алатка 3 во 1: пакувањето вклучува два променливи ножа (за тесни и пошироки пукнатини) и четка за чистење на извадената трева или мов
Телескопската рачка е со прилагодлива должина од 85-140cm
Иновативно дизајнирана да го олесни и подобри одржувањето на вашата градина
Ефикасно отстранување на коренот на растенијата и леснотија на ракување, без напор
Со само неколку лесни движења, коренот на растението лесно се извлекува од земјата, резултатите се неверојатни и градината изгледа беспрекорно чиста
Mоже да се користи и за разни други задачи како подготовка на површината за садење и слично
Се користи за прскање течност, најчесто за вода, средства за уништување на плевел, материјали за одржување на земјоделските култури, хемикалии против штетници, итн.
Материјал: пластика
Димензии: ~ 35,5 x 19 x 50,5cm
Напојување: притисок/ рачна компресија
Цврста конструкција, прецизно ракување и удобно држење
Погодна за употреба на средно големи површини, за аматери и професионалци
Континуирана работа без потреба од често дополнување течност
Ергономски ремен кој рамномерно ја распределува тежината на грбот
There are no reviews yet.