Детски тротинет
- Број на силиконски тркала: 3
- Предни тркала: 2 / Задно тркало: 1
- RGB LED осветлување на тркалата
- Рачка со прилагодлива висина до 70 cm
- Уникатен механизам за управување кој им помага на децата лесно да го менуваат правецот и им овозможува целосна контрола и рамнотежа
- Изработен од висококвалитетна пластика, метал и алуминиумска рамка
- Цврста структура и голема издржливост
- Максимално оптоварување: 30kg
- Возраст: 5+ години
Детски шатор – замок
Инспирирани од замоците во бајките, оваа прекрасна и извонредна куќа за принцови и принцези може да им помогне на вашите мали деца да им се остварат соништата. Кое дете не сака мало тајно место за себе?
- Најслаткиот шатор кој обезбедува приватен простор за вашите деца да се забавуваат, читаат и да се релаксираат
- Завесите на шаторот претставуваат одлична заштита од инсекти, па затоа овој производ е совршен за употреба, како во внатрешноста на домот, така и во вашиот двор
- Собира до 3 деца истовремено
- Неверојатен подарок за вашите деца или децата на вашите пријатели
- Материјал: висококвалитетна ткаенина од полиестер која е исто така доста удобна, издржлива и лесна за чистење
- Лесен и пренослив, носете го на кое било место: шаторот доаѓа во комплет со цврсти пластични столбови за брзо и лесно склопување
- Идеален за внатрешни и надворешни локации како што се дом, градинка, двор, паркови итн.
- Димензии: 140 х 135cm (70cm отвор за влез)
- Напомена: шаторот не вклучува топчиња за игра или лед светилки за осветлување – дополнителните елементи на претставените слики се рекламен материјал
Детски шатор со тунел
- Детска игрална од 3 делови: пирамида + тунел + коцка
- Благодарение на трите поврзани делови, може да се користи како шатор, патека со пречки или само како игрална
- Шаторите се лесни за составување и 3-те делови може да се поврзат заедно или да се користат одделно, по желба
- Има многу влезови/излези, што ја прави забавата уште попривлечна
- Механизам на преклопување со флексибилни жици, благодарение на кои шаторот може да се отвори и затвори за неколку секунди
- Материјал: 190Т полиестер
- Лесен за складирање и транспорт
- Создадете катче каде децата ќе можат да уживаат во играњето со часови! Поттикнете ја нивната креативност и имагинација и зголемете ја нивната физичката активност, дома или надвор.
- Одлична забава за најмалите!
- *Топчињата не се вклучени во пакувањето
- Димензии:
– коцка: 72 x 72 x 72cm
– тунел: 46 x 120cm
– пирамида: 80 x 80 x 86cm
Детско летно фустанче
- Детско фустанче на прерамки
- Сезона: лето
- Еднобојно фустанче со цветови
- Лесен и комфорен материјал
- Материјал: вискоза
- Перење: 30 степени
- Достапни големини:
– Бр.100 (3-4год.): должина 61cm, обем на гради 36cm (препорачана висина: 95-105cm)
– Бр.120 (6-7год.): должина 68cm, обем на гради 40cm (препорачана висина: 115-125cm)
Детско магично ќебе што свети во мрак (magicno kjebe)
- Плишано ќебе кое свети во темнина
- Направено со високо квалитетни микровлакна за трајна употреба
- Исклучително меко на допир
- Дезен со небесни тела кои светат во темнина – ѕвезди, месечина и планети (розово ќебе) и животни кои светат во темнина (сиво ќебе)
- Не е потребен никаков тип батерии или напојување
- Материјал: полиестер
- *Пред употреба ставете го ќебенцето под силна светлина за да се наполни
- Се пере во машина, лесно се оддржува
- Димензии: 150 x 170cm
Ќебенцето има неверојатен дезен кој го прави совршено за употреба навечер. Создава преубава атмосфера во собата на вашето дете. Едноставно се употребува, само однапред изложете го на силен извор на светлина или сончева светлина само 10-15мин. за да ја апсорбира светлината.
- Врвен квалитет – Материјал отпорен на дамки, мек на допир дури и по многу перења. Никогаш нема да ви создаде иритација или чешање – совршено е за деца со чувствителна кожа.
- Пријатно ќе ве стопли во зимските месеци, а пријатно е за користење и во топлите месеци
- Израдувајте ги вашите сакани – совршен подарок за секоја пригода, за деца и возрасни
Детско нокширче со ергономски дизајн | Детска ВЦ-Школка
- Ергономски дизајн со удобно седиште и висока потпора за грбот
- Мекa PU перница за дополнителен комфорт
- Стабилна конструкција со анти-лизгачка основа
- Длабок сад за лесно чистење и одржување
- Страничен простор за складирање на тоалетна хартија
Друштвена игра Џенга (Jenga)
Џенга е едноставна игра која нуди супер забава! Наредете ги дрвените плочки и играта може да започне.
На почетокот од играта се редат сите плочки во форма на кула по три плочки на еден ред. Секој од играчите треба да извади по една плочка и да ја стави на врвот од кулата, без таа да се сруши. Кога кулата ќе биде срушена од еден од играчите, играта завршува.
Пакувањето содржи 4 коцки, играта може да се игра со коцки или без коцки. Доколку се игра без коцки, откако ќе се наредат дрвените плочки, секој играч извлекува по една плочка и ја реди повторно над кулата. Играта трае додека не се сруши кулата, губи оној играч на кому ќе му се сруши кулата.
Доколку се вклучени и коцките во играта, откако ќе се фрлат се собира нивниот збир и играчот треба да извлече плочка од редот со збирот на коцките. Откако ќе ја извлече плочката ја става на врвот на кулата, по што коцки фрла наредниот играч. Играта трае додека не се сруши кулата, губи оној играч на кому ќе му се сруши кулата.
- Пакувањето содржи 48 дрвени плочки и 4 коцки
- Изработена е од високо квалитетно дрво што нуди долготрајност и квалитет при удар и пад на плочките
- Играта може да ја играат 2 – 4 играчи
- Се препорачува за возраст над 4 години
- Идеална е за мали настани и собири како роденденски забави, карневалски забави, канцелариски собири, пикник, неделни ручеци и сл.
- Нуди забава и игра за сите возрасти, може да играат и деца и возрасни.
Кај децата пак, Џенгата буди посебни чувства и емоции бидејќи тие можат да се забавуваат и да си играат со плочките со часови, а со тоа да ги развиваат своите вештини и фината моторика за концентрација, одржување рамнотежа и баланс, фокусирање и сл. Можат да градат кули, поточно кажано можат да ги редат плочките во сите форми.
Едукативна играчка за деца – Коцка
Развивајте ја креативноста, концентрацијата и фината моторика на вашето дете со оваа сензорна коцка!
Идеална за деца од 1 до 4 години, оваа играчка е инспирирана од Монтесори методот и нуди разновидни активности кои ќе го задржат вниманието на вашето дете дома или на пат.
Со копчиња, тркала, заклучувачи и други интерактивни елементи, оваа коцка е совршен начин за учење преку игра. Безбедна, лесна и практична за носење – одлична за патувања!
Електричен автомобил со 8 тркала
- 8 тркала кои можат да ротираат за 360 степени
- Со додавање вода во резервоарот може да испушта водена пареа (имитација на издувни гасови)
- Далечински управувач
- Разни трикови и акробации
- Робусна играчка, отпорна на удари, наменета за off road возење
- Вградени музички мелодии
- Се полни преку USB кабел
- Димензии: 35 x 19 x 8cm
- Возраст: 6+
Играчка – Ветерница за правење меурчиња
Незаменлива играчка за секое дете!
- Создадете безброј меурчиња со помош на ветрот
- Поттикнете ја детската имагинација и креативност, помогнете им на децата да ја развиваат фината моторика, како и координацијата рака-око
- Поттикнува активна игра на отворено и уживање во физичката активност
- Совршена за детски роденденски забави – создадете магична атмосфера и незаборавни спомени
- Користете ја на излети додека уживате во природата, на прошетка, во парк и на игралишта, на одмор, на село или на плажа
- Материјал: пластика
- Димензии: 28 x 11cm
- *Добивате боја по случаен избор (каква што е достапна во моментот)
Играчка – Кафез со распеани птици
- Мини кафез со распеани птици
- Уживајте во автентичниот звук на распеани птици во удобноста на вашиот дом
- Овозможува забава и релаксација за сите возрасти – пеењето на птиците е познато по својата релаксирачка и терапевтска моќ, па така оваа играчка може да помогне да се намали стресот и да се подобри целокупната благосостојба
- Им помага на децата да ги развиваат своите аудитивни и визуелни вештини
- Може да ја надополни внатрешноста на вашиот простор и да биде декоративен додаток за вашиот дом
- Чувствувајте се како да сте во природа – птиците прават реалистични движења и звуци
- Материјал: пластика
- Димензии: 13 x 10 x 10cm
- Батерија: 3 x AA батерии (не се вклучени)
- Возраст: 3+
- *Добивате 1 кафез со птици во боја по случаен избор (каква што е достапна во моментот)
Играчка – Магична автомобилска патека
- Возраст: 3+
- 220 парчиња за формирање на патека од 4 флуоросцентни бои: црвена, жолта, зелена, сина
- Свети во мрак
- 1 тркачки автомобил со LED светла
- Брзо се поставува и собира: можете да ја соберете патеката во ролна за полесно складирање
- Патеката може да ја оформите по ваша желба
- Димензии: 7,2 x 335 x 1,5 cm
- Материјал: ABS пластика























