Volcanic Mud mask stick – Маска за лице
- Нова генерација маска од глина на база на вулканска пепел за длабинско чистење и стеснување на порите
- Благодарение на кремастата текстура, не предизвикува сувост и затегнатост
- Силни прочистувачки, антиинфламаторни, смирувачки својства, го забрзува заздравувањето на воспаленијата, го стимулира излачувањето на токсините и го регулира себумот
- Предности: ги чисти и затегнува порите, длабоко ја отстранува нечистотијата, ја чисти кожата од вишокот на себум, ја подобрува состојбата на мрсната и склона кон акни кожа, го изедначува тенот на кожата, длабоко навлажнува, измазнува, освежува, ја храни кожата
- Го апсорбира вишокот на себум и нечистотии, нежно го ексфолира горниот слој и ги прави порите визуелно помалку видливи
- За светла здрава кожа без мрсен сјај!
- Хипоалергична, без парабен, без глутен
- Дерматолошки тестиран производ
- Погодна за сите типови кожа
- Начин на употреба: Нанесете ја маската обилно на чисто и суво лице, оставете 10 минути, а потоа исплакнете со вода. Избегнувајте контакт со очи. Во случај на контакт со очи, исплакнете ги со вода.
- Колку често треба да ја чистите кожата според типот на кожа:
– Мрсна кожа: 2-3 пати неделно
– Сува кожа: 1-2 пати неделно
– Комбинирана кожа: 2-3 пати неделно за Т зона и 1-2 пати неделно за U зона
– Нормална кожа: се препорачува еднаш неделно - Состојки од природно потекло: каолин (бела глина), екстракт од сентела азијатика, ши путер (богат извор на витамини А и Е, кои се одговорни за одложување на процесот на стареење на кожата и нејзина заштита од слободните радикали). Ефикасно ја штити кожата од штетните надворешни фактори (мраз, студ, сонце и ветер), а дополнително има смирувачки својства.
- За убава, мазна и здрава кожа, без акни и митисери!
- Потрагата по козметика која ќе се бори со несовршеностите и ќе ви помогне да ја обезбедите вистинската нега за вашата кожа заврши!
Алатка за педикир 4 во 1
Негувајте ги вашите нокти и кожата на стапалата на совршен начин. Оваа комплетна алатка за турпијање на пети обезбедува четири различни функции, што ви овозможуваат педикир на највисоко ниво.
- 4 различни турпии во една алатка за целосна нега на стапалата: четка, камен и 2 видови турпија
- Изработена од квалитетни материјали за трајност и издржливост
- Лесна за употреба и чистење
- Идеална за домашна употреба
Нема потреба да посетувате салон за нега на нокти или стапала. Алатката ви овозможува да правите педикир во удобноста на вашиот дом и тоа на начин кој ви одговара најдобро.
Безжичен апарат за виткање коса
- Апарат кој автоматски ја витка вашата коса и прави совршени локни без напор
- Моќност: 40W
- Само ставете прамен од косата во апаратот, притиснете на копчето и локната е готова
- Направете си фризура без оштетување и мастење на косата
- LCD display
- Тајмер 8-18сек. за поопуштени или перфектно дефинирани кадрици
- 150-200 степени (за секаква текстура на коса)
- USB полнење – За околу 3 часа наполнете го апаратот и користете го наредните 40-60мин. во континуитет
- Керамички премаз
- Пречник на фигарото: 19 mm
- Батерија: 5000mAh
- Можете да направите различни видови локни
- Можете да ги вртите кон десно или налево со едноставно притискање на копчето, во зависност од тоа како Вам повеќе ви одговара
- Брановидна коса за неколку минути
- Компактна големина, совршен за патувања
- Апарат кој го користат професионалците – станете најдобриот фризер за самите себе!
- Стилизирајте ја вашата коса за час!

Вакуум чашки за лице
- Помага во редефинирање на контурите на лицето и ја зајакнува кожата
- За подобрување на циркулацијата на крвта
- Помагаат при лимфната дренажа, ги стимулираат рефлексните точки на лицето и го подобруваат вежбањето на мускулите
- Дополнително, оваа терапија го стимулира производството на колаген
- Направени од квалитетен силикон и пластика за сигурно и безбедно користење
- Погодни за различни делови од телото – лице, грб, раце, нозе итн.
- Ергономски дизајн за добро вшмукување и контрола
- Фина изработка со мазни рабови
- За долготрајна употреба
- Дизајн кој може да се одвојува – го олеснува чистењето на чашките за подобра хигиена, а исто така заштедува простор, за лесно складирање
- Во комплетот доаѓаат 4 вакуум чашки со различни димензии
Начин на употреба:
1. По миење на лицето, нанесете масло или крема на вашето лице, врат и гради. Терапијата се изведува првин на едната страна на лицето, а потоа и другата. Најтесните чашки одат поблиску до очите и усните, а за образите, вратот и деколтето се користат пошироките.
2. Пред да ја употребите чашката, притиснете на силиконскиот дел (топката), поставете ја чашката на посакуваното место и испуштете за да се создаде вакуум.
3. Се препорачува третманот да не надмине 10мин. Измијте се со млака вода и оставете лицето природно да се исуши. Нанесете ја вообичаената рутина за нега на лицето.
Гел маска за разладување и освежување на лице
- Маска исполнета со специјален гел со која ќе си направите пријатна ладна компресија на лицето
- Потребно е само пред употреба да стои 30-50 минути во фрижидер или 15 минути во длабоко замрзнување
- Може да се користи и како топла маска, на пример доколку страдате од синуси или настинка, во тој случај треба да ја оставите да стои 2-4 минути во топла вода
- Безбеден и мек материјал – мека кадифена обвивка која нежно ќе ја заштити твојата чувствителна кожа од директен контакт со ладниот или топол гел
- Целосно ги покрива синусите, челото и образите
- Ја смирува кожата – делува за намалување на темните кругови, отекувањето на очите, болки во мускулите или главоболки
- Маската има отвори за очите и носот, што ви овозможува да ја користите без да ја нарушите вашата рутина како лежење во кревет, читање или гледање телевизија
- Прилагодливата еластична лента се прилагодува околу вашата глава
- Одлично за медитација, јога или релаксација. Затворете ги очите и опуштете се!
Електричен отстранувач на клавус на пети
Електрична турпија за стапала со 2 променливи глави (турпии) за брусење на дебел слој кожа,клавус и.тн
- Се полни преку USB приклучок
- Димензија: 11cm * 7,5cm
- Работи на 4 ААА батерии (не се вклучени во производот)
- 1 Променлива глава за стара,испукана и оштетена кожа на стапала
- 1 Променлива глава за фино брусење и секојдневна нега на стапала
- Лесен и едноставен за употреба
- Не загрева
- Во пакетот добивате: 1 апарат FindBack ,2 променливи глави-турпии за брусење,1 USB кабел за полнење,1 четкичка за чистење после употреба.
Електричен тример за испукани врвови
Ослободете се од испуканите врвови на косата, притоа не менувајќи ја нејзината должина!
- Одложете ја посетата во салон – Лесно, брзо и посигурно од користење ножици, самостојно отстранете ги испуканите врвови
- Ја прави косата мека – По само еден третман ќе забележите разлика во текстурата на косата, таа ќе стане свиленкаста и поздрава
- За сите типови коса – Бојадисана и природна коса, без разлика на текстурата и густината, сите типови коса се погодни за третман за отстранување на сувите, безживотни врвови
- Лесен за користење – Сувата коса поделете ја на прамени и едноставно провлечете ја низ чешелот на тримерот
Заштедете на посети во фризерски салон, а во меѓувреме оддржувајте ја косата здрава!
- Безжичен тример – Практичен апарат за отстранување на расцветаните/ испукани врвови, лесен и пренослив
- Потполно безбедно – Овој апарат нема да ви ја оштети косата, ниту пак ќе ја скрати, наместо тоа чешелот ќе ги издвои оштетените влакна и поединечно ќе ги скрати
- Видливи резултати за миг – Се препорачува секој прамен да го поминете 3 пати со овој апарат за вашата коса да изгледа негувано по третманот
Кога ќе испукаат врвовите на косата, доколку веднаш не ги отстраните, вашата коса ќе биде се повеќе оштетена. Обично луѓето поради ова почесто посетуваат фризерски салони, но постојаното кратење на косата не им дозволува на многумина да имаат долга коса. Наместо скапите фризерски третмани, вложете во овој паметен апарат кој ги отстранува сувите, испукани/расцветани врвови, притоа задржувајќи ја должината.
Електричен уред за чистење на четки за шминка
- Уред кој ќе ви овозможи полесно одржување на четките за шминкање
- Помага длабински да се отстрани нечистотијата од четките, со цел да ги исчисти за повторно нанесување шминка
- Само додадете вода и средство за чистење шминка во силиконскиот сад исполнет до половина и притиснете на копчето ON/OFF. Ставете ја четката внатре во садот и исчистете ја. На крајот, исплакнете ја четката под млаз чиста вода и оставете да се суши.
- Исчистете ги вашите четки за нанесување пудра, руменило и сенки за очи, брзо и лесно!
- Напојување: USB кабел
- Мал, лесен и пренослив – погоден за носење дома, на работа или патување
- Одличен избор за подарок
- Материјал: ABS + силикон
- Димензии: 8,8 x 8,8 x 3cm
Електричен чешел за обликување на коса и брада
- Чешел за моделирање и стилизирање, изедначување и исправување на брада и коса
- Електричен чешел за скротување на кадравата коса
- Соодветен за жени и мажи
- Лесен за употреба, само чешлате за да ја стилизирате вашата неуредна брада/коса
- PTC грејач – брзо загревање во рок од 30сек.
- Моќност: 10W
- Напон: AC 220V/ 60Hz
- Две подесувања за температура: 180 и 200 степени
- Материјал: ABS + керамичка грејна плоча
- Димензии: 20 x 2,5cm
- Совршен за сите стилови на коса и брада
- Безбеден за употреба, без оштетување на брадата/косата
- Неверојатен долготраен ефект, се одржува во текот на целиот ден
- Професионално обликување на косата во движење!
Електрична турпија за маникир и педикир
- Електрична турпија за маникир и педикир
- Подесив број на вртежи од 0 до 20000 rpm/min
- Се контролира со помош на базата и овозможува добри работни услови
- Промена на брзина во текот на работата
- Комплетот вклучува брусилка, база и сет различни турпии за обликување и отстранување кутикули и шмиргли за полирање
- Турпии со пречник: 2,35mm
- Напон: 110-240V / 50-60Hz /DC 0 – 17V/2.5A
- Моќност: 12W
- Може да се употребува како за природни, така и за вештачки нокти
- За професионално студио или домашна употреба
- Димензии: 24 x 14,5 x 6,5 cm
Електрична четка за масажа на скалп
Опуштете се и уживајте во луксузно чувство на релаксација со Електричната Четка за Масажа на Скалп, која комбинира Shiatsu технологија и апликатор за масла за комплетно искуство на нега и смирување.
Овој иновативен уред не само што ја стимулира циркулацијата на скалпот, туку и овозможува рамномерна апликација на масла или серуми, помагајќи им на хранливите состојки подобро да се апсорбираат во коренот на косата.
Совршена за употреба дома, на работа или на патување, оваа четка е вашиот личен спа-третман – во секое време и на секое место.
- Вграден апликатор за масла (3ml) – овозможува прецизна и економична апликација на есенцијални масла или третмани директно на скалпот
- 360° Shiatsu масажа – со 72 флексибилни силиконски влакна кои го имитираат допирот на човечките прсти, обезбедувајќи целосна релаксација и стимулирање на коренот на косата
- Три режими на работа – Soothing, Refreshing и Relaxing, за прилагодување според вашето расположение и потреби.
- Компактен и пренослив дизајн – со големина колку шише вода, идеален за користење дома, во канцеларија или на патување.
- IPX7 водоотпорна заштита – безбедна за користење под туш, совршена за масажа за време на миење на косата.
- Едноставно користење – едно копче за управување со сите функции, лесно за секојдневна употреба.
- Издржлива и безжична конструкција – дизајнирана за долготрајна работа со брзо полнење и стабилна батерија.
Начин на користење:
- Наполнете го вградениот резервоар (3ml) со омиленото масло или серум за нега
- Вклучете го уредот со притисок на копчето и изберете еден од трите режими
- Нежно поминувајте ја четката низ скалпот со кружни движења
- По завршување, исплакнете ја главата доколку сте користеле масло
- Четката може да се користи и под туш – безбедна е благодарение на IPX7 заштитата
- Исчистете ја четката со вода и оставете ја да се исуши
Совети за употреба:
- Користете ја 5–10 минути дневно за оптимални резултати
- За подобра апсорпција на серуми, користете ја четката по туширање кога порите се отворени
- За релаксација, користете ја навечер со Relaxing режимот
- Чувајте ја четката на суво место кога не се користи
- Избегнувајте употреба со течности кои содржат алкохол или киселини
Затегнувач за дефинирање на долна вилица
- Кажете збогум на подбрадокот и опуштените мускули на лицето!
- Ова помагало за вежбање на вилиците ви нуди вежби за дефинирање на вратот, брадата и лицето
- Создава ефект на тонирање и контурирање на обликот на лицето, подигнување на опуштената брада/подбрадок и елиминирање на масните наслаги околу вилиците и вратот претворајќи ги во совршена линија во форма на буквата V
- Отстранете ги брчките на вратот и двојната брада
- Стимулира 57+ мускули на лицето, јаболчниците и вратот со цел да постигне младешки изглед
- Направен од силикон, без хемиски полнења и опасност од нус-појави, безбеден за користење во устата (материјалот за изработка е истиот кој се употребува за изработка на цуцли за бебиња)
- Можете да го користите било каде, во било кое време
- Ќе забележите резултати со само 10мин. секојдневна употреба
- Начин на употреба: Исплакнете го затегнувачот под млаз млака вода. Поставете го помеѓу горната и долната вилица и загризете. Правете движења како за отворање и затворање на устата 10-15мин. дневно.
- Во оваа понуда добивате 1 парче затегнувач за дефинирање на долната вилица























